Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне особено во планинскте региони ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8.
Во Скопје, како што информираа од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 38 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови, најавија од УХМР, наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и проследена со ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме. Краткотрајно постабилно ќе биде во петок.