23 Март е денот кој Скопје долго ќе го памети. После долго време со свој концерт на сцената во ВИП Арената „Борис Трајковски“, миленикот на македонската публика Влатко Лозановски, момчето со безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во државата и во регионот.
Авалон продукција ја има честа да го најави големиот проект.
Драги пријатели,
Големо задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот следен проект.
После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје.
Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот.
Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда наутро (13-ти февруари) во 09 часот преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следните цени и категории:
ПАРТЕР- 500 денари
ФАН ПИТ- 800 денари
ТРИБИНИ- 700 денари
SILVER SEATS- 800 денари
GOLDEN SEATS- 900 денари
ВИП- 1.000 денари
„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место.