Твитер станува како Фејсбук и Инстаграм: Илон Маск воведува голема промена на платформата

|

Сопственикот на Твитер Илон Маск најави дека платформата ќе воведе видео и аудиоповици, како и шифрирани пораки. На овој начин Твитер ги следи Фејсбук и Инстаграм коишто веќе имаат слични опции за видео и аудиоповик.

Така, корисниците на Твитер наскоро ќе можат да се чујат и видат со луѓе ширум светот и преку оваа социјална мрежа без да мора да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на својот Твитер-профил.

Тој додава дека ќе може да се испраќаат и шифрирани пораки, но не појасни дали и повиците ќе бидат шифрирани.

Милијардерот лани ги објави своите планови за подобрување на оваа социјална мрежа, нарекувајќи ја „Твитер 2.0 – апликација за секого“. Најавите и тогаш говореа за шифрирани пораки, подолги објави и опции за плаќање преку оваа платформа.