Полнетите пиперки, омиленото традиционално јадење кое се подготвува во речиси секој дом, едноставно се готват, но постојат некои трикови и чекори до кои треба да се придружуваме за да бидат совршени.
Првото нешто со што можете да ги „надградиме“ е сосот од домати во кој се варат.
Наместо да додавате вода, користете булјон или вишок бистра супа од месо и зеленчук. Покрај тоа, исечете малку сланина на коцки, пропржете и додајте во сосот.
Доколку сте љубители на лута храна, слободно можете да додадете малку лути пиперки. Сите овие додатоци ќе дадат посебна арома, а пиперките ќе бидат уште повкусни.
Унгарските готвачи советуваат и да зачувате малку сланина за полнење и да ја измешате со мешавината од месо и ориз.
Друг одличен додаток кој ќе даде малку поинаков вкус е маслото или намаз со арома на лук – додадете една кафена лажичка во филот.