Цената на горивата достигнаа речиси 100 денари

|

Граѓаните од денеска ќе плаќаат поскап бензин за речиси 7 проценти. РКЕ на полноќ ги соопшти цените на нафтените деривати кои полека стигнуваат и до сто денари за литар. Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари.

ЕУРОСУПЕР БС-95 е 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 е 95 денари за литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 94 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 6,50 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 90 денари. Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 4,846 денари за килограм и ќе се продава за 59,165 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот во просек за 8,9 отсто и кај дизелот за 16,8 отсто, како и за повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Со најновата одлука, намалена е и маржата за трговците со нафтени деривати. Намалувањето на маржата е 33% или една третина од досегашната вредност со што дополнително ќе се отежне работењето на трговците со деривати и на бензинските пумпи особено во делот на надминување на трошоците за оперативно тековно работење и функционирање на пазарот.

Маржата на трговците со нафтени деривати е намалена од 4,5 на 3 денари, бидејќи вчерашните анализи покажале дека бензините требаше да поскапат за 5,5 денари а дизелот за 10,5 денари., соопштија од РКЕ.

Вечерва се носи нова одлука, иако не се знае каква ќе биде, сепак трендот на готовите производи е нагорен. Со новата дневна методологија цената ќе се менува на дневно ниво ако анализите покажат дека треба да има за 2 денари зголемување или намалување, ако е помалку од 2 денари тогаш останува цената од претходниот ден.

Пресметките не се прават врз основа на брент нафтата туку за секој дериват посебно.