|
Четворица мажи нападнале и врзале за дрво жител на кочанското село Нивичани, кој работел како овчар.
Тоа се случило вчера на место викано „Ливади“ во атар на с.Турско Рудари, пробиштипско.
Набргу Г.К.(53) бил пронајден од Д.Т. од с.Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош. За случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.