Чоколаден колач кој не се пече: Десерт кој се топи во уста

|

Дождливите денови се како создадени за топла домашна атмосфера, исполнета со чаша греано вино и слатко задоволство подготвено дома. Ако ја сакате комбинацијата од ванила и чоколадо, ова е дефинитивно идеалниот десерт за вас.

Се прави брзо и лесно, не е потребно печење, а притоа не ви се ниту потребно премногу парични средства за да го подготвите. Сите ќе го обожаваат!

СОСТОЈКИ: 400 гр чоколадни бисквити, 650 мл млеко, 80 гр пудинг од ванила, 100 гр шеќер.

СОСТОЈКИ ЗА ГЛАЗУРА: 200 гр чоколадо, 100 мл слатка павлака и 100 гр листови бадеми.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Половина од бисквитите искршете ги, а останатите наредете ги во калап. Во млекото додајте шеќер и пудинг и гответе додека не згусне, со постојано мешање. Во пудингот додајте искршени бисквити и измешајте. Ставете во калап, па затворете со останатите бисквити.

Покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер на еден час. Растопете чоколадо и павлака и прелијте преку колачот. Посипете со листови бадеми. Уживајте!