Новак Ѓоковиќ е дел од Мастерсот во Рим, а тоа го искористиле новинарите на „Кориере дела Сера“ за интервју со српскиот тенисер кој атакува на нов трофеј во својата богата колекција.
Ѓоковиќ зборувал и за своите најголеми ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал, од кои првиот веќе ја заврши својата професионална кариера.
– Никогаш не бевме пријатели со Федерер, едноставно такво нешто е невозможно меѓу големи ривали, но истовремено не сме биле ни непријатели.
– Секогаш сум имал големо почитување за Федерер, тој е еден од најголемите на сите времиња, но никогаш не бевме блиски, – вели Ѓоковиќ.
– Надал е само една година повозрасен од мене, но и со него пријателството беше невозможно. Исто и за него имам голем респект, тој и Федерер ми помогнаа да напредувам и да станам тоа што сум. Надал е дел од мојот живот, последните петнаесет години го имам видено повеќе од сопствената мајка, – истакнал српскиот тенисер.