Јавноста не го познава, зашто јавно не се ни експонира: Ова е Марко, синот на Бајага! (ФОТО)

|

Момчило Бајагиќ Бајага, иако е ѕвезда која го краси естрадното поп небото повеќе од четири децении, ретко го покажува своето семејство, сопругата Емилија и синот и ќерката во јавност.

Сепак, синот на Момчило Бајагиќ Бајага, како и неговата ќерка Анѓела се најголема темел, поддршка, но и најголеми критичари на неговото дело:

„Марко и Анѓела се најголеми критичари на мојата работа, но секогаш се позитивни. И двајцата сакаат да ја слушаат мојата музика, иако забележувам дека се крајно субјективни кога ги оценуваат моите песни. Го почитувам нивното мислење, но мислам дека најмногу им се допаѓа тоа што го работам. Така велат“ – рече еднаш Бајага.

Синот на Бајага е роден во 1990 година, додека неговата сестра пристигна во 1998-та година. Марко како дете бил кошаркар, а завршил со театарска продукција, додека неговата сестра Анѓела, како и нејзиниот татко, е љубител на музиката.

Во февруари годинава синот на Момчило Бајагиќ се оствари и во улогата на татко, а Бајага доби преслатка внука.

Оние кои имале можност да видат како изгледа Марко тврдат дека е копија на неговиот татко, а оваа фотографија сега нуди можност и за ваше мислење?