Русинка по име Елена пред десет години се омажи за маж од Египет и оттогаш живее во харем.
Некогаш сонуваше да стане астронаут, актерка, произвадувач на парфеми и да живее во топла земја покрај море, но суднината одлучи од сите соништа да ѝ се оствари само последниот.
Детството не го памети како среќно
Додека бев на училиште, многу пати добивав ќотек и бев понижена дека бев буцкаста. Во 11 години драстично ослабнав и се плашев да проголтам и мастика за џвакање, верувајќи дека е полна со калории. На 17 години се запишав на студии по психологија, а на 21 година почнав да работам во туристичка агенција, а на 25 години отидов да го посетам Египет. Тоа беше во 2002-ра година.
На прв поглед се заљубив во оваа земја, нејзината историја и морето. Седум години покасно добив понуда за работа како рецепционерка во хотел во Хургада во Египет. Условите беа толку добри што мојата мајка, која се противеше на моето размислување да ја напуштам Русија, ми кажа да прифатам.
Веднаш бев предупредена на опасностите. Ми рекоа да бидам внимателна. Во хотелот имаше два менаџери кои беа познати по романсите со туристи. Сепак очигледно не бев доволно внимателна, бидејќи еден од нив една година подоцна беше мој сопруг.
Како започна романсата
Тој почна да ми придава многу внимание. Ми праќаше подароци, инсисираше да му се јавам кога че стигнам дома. На почетокот не ме привлекуваше физички, не ни размислував за врска со него, дури го запознав со моја пријателка со која мислев дека би биле совршена двојка. Беше добар, пристоен, имаше сјајна смисла за хумор. На почетокот бевме само пријатели, одевме заедно на прошетки, бевме и на патување во Каиро. Одеднаш решивме да се венчаме.
Живот во хотел
Мојот сопруг продолжи да работи во хотелот кој не спои, а јас живеев како кралица, а никогаш не сфатив зошто. Персоналот ја чистеше мојата соба, јадевме во ресторанот, нашата прва ќерка уживаше на плажа. Во еден момент бев уморна од толку одмор.
Кога забременив по вторпат, уште живеевме во хотелот, а тогаш мојот сопруг одлучи да ја смени работата и се преселивме во стан, каде морав да работам се- да чистам, да готвам и да се грижам за мојата ќерка и новородениот син.
Не можев да горвам, а со децата имав многу проблеми. Бев подготвена да оставам се и да заминам во Москва. Мојата мајка се разболи, мојот син доби руско државјанство, па заминавме таму. Постепено нашата врска прерасна во големо почитување и пријателство, а љубовта ни ја зацврсти уште една ќерка. Мојот сопруг е грижлив татко и посготвен да направи се з асвоите деца.
Мојот сопруг сака да знае се
Мора да знае се, кој што јадел денес, кое дете кога било во тоалет и дали е се во ред. Знае се за децата, кој кога треба да прими вакцина, која величина на облека носат, се им купува сам. Мислам дека ни јас не се грижам толку за децата колку тој.
Ме прашуваат која сопруга по ред сум
Живеам во нашиот харем кој брои седум членови. Сопругот, јас, трите деца и двете мачки. Јас сум му единствена сопруга. И како што ми се чини, така и ќе остане. Мојот сопруг не е доволно богат за да може себеси да си дозволи неколку сопруги, бидејќи секоја од нив мора да има ист третман.
Промена на верата
Прво што ќе помислат оние кои ќе слушнат каде сум се омажила, мислат дека сум ја променила верата заради сопругот. Всушност јас тоа го направив тоа многу пред да го сретнам. Никој не може никого да го натера на нешто, а мислам дека промената на верата подари мажот е само лицемерие. На крајот на краиштата, мажот муслиман има прави да се ожени со жена од било која религија.
Јас сум домаќинка, но не сум роб
Редовно одам на прошетки и се дружам со Русинките овде, ги носиме децата на игралиште, одиме на кафе, чај, сок. Слободното време го поминуваме како и сите други жени во светот.
Дали ми недостасува мојата земја?
На ова прашање не можам ни самата да си одговорам. Понекогаш сакам да одам во Русија и да ги видам сите мои роднини, но таму е се сменето.
Работите се менуваат многу и брзо, но и јас сум променета. Пријателите ми велат дека со хиџаб не изгледам природно, тие ме знаа5т од мојот претходен живот, знаат колку сум отворена и слободна, па се изненадени дека прифатив да носам ваква облека.
Секогаш сакам да се вратам во Египет. Мојот дом е сега таму, сјајно се чувствувам, а таму ми се и луѓето кои ме сакаат.