|
Денеска (12.05.2023) полициски службеници од ЕВР Аеродором и Драчево при СВР Скопје извршиле службен разговор со 10-годишен малолетник и со неговите родители, постапувајќи по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром дека детето на клупа напишало текст со заканувачка содржина.
Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.