10 грешки поради кои жалат сите родители

ИЗВОРСкопје24
|

Родителите често се каат затоа што дозволија странци да им се мешаат во воспитувањето на нивните деца.

Секој родител го сака најдоброто за своето дете и вредно работи за да му ги обезбеди сите работи кои ги сака детето, но и да го научи на дисциплина, а истовремено да не му ја одземе слободата на избор.
Ова дефинитнивно не е лесна работа па во текот на целиот процес се прави и некоја грешка.

Грешки поради кои сите родители жалат:

1. Не знаат како да уживаат во комуникацијата со своето мало дете
Бебе, односно мало дете има константна потреба за контакт со повозрасните, па така на родителите им останува помалку време да читаат нешто на интернетот или да работат и тогаш тоа повеќе го ценат.
Сепак кога еден ден ќе ја кренат главата од мониторот, сфаќаат дека нивното дете пораснало и дека почнало да го живее својот живот.

2. Малку го гушкале своето дете
Прегратките се добри за здравјето, но и самото гушкање е една прекрасна работа.
Но родители често поради своите обврски или од страв да го размазат своето дете си го скратуваат себеси, но и на детето ова прекрасно задоволство.

3. Забораваат со фотографија и со снимки да го овековечат секој важен момент
Некогаш претеруваме со сликањето и со снимањето со телефоните, но некогаш во најважните моменти забораваме да го искористиме телефонот.
За 10 години родителите кои што ги снимале своите деца, ќе сфатат дека тоа е вистинско богатство и ќе ја гледаат снимката повторно и повторно.

4. Не ги запишале првите зборови на своето дете
Првите зборови на вашето дете се прекрасни спомени и не смеат да бидат заборавени. Еден ден ќе измамат насмевски и кај родителите и кај детето.

5. Малку си играле едукативни игри со детето
Не значи дека детето ќе стане уметник ако го пренасочите кон тој пат, но сигурно ќе ја разбудите неговата креативност. Преку едукативни игри ќе ги проверите интересите на вашето дете и неговите посилни страни.
Многу родители жалат што не приметиле некој талент кај своето дете и што не му помогнале да го развие.

6. Биле престроги
Една работа е правилно да го воспитувате своето дете, а друга е да го карате и да го плашите.
Мит е дека превисоките критериуми од детето ќе направат успешна личност. Всушност е спротивно. Детето ќе порасне во личност со слаба психа и со проблеми во однесувањето.
Казните поради лошите оценки се штетни. Наместо тоа фокусирајте се на наградување . Не сакате да прочитате во дневникот на вашето дете дека вие сте го правеле несреќни

7. Не го земале во предвид мислењето на детето
„Возрасните знаат подобро, а и не ти е време да носиш такви одлуки“ е фраза која родителите често ја изговараат. Мислењата на децата отворено се запоставуваат и они растат во несигурни и пасивни личности.
Размислете како личност може да знае што сака од животот ако некој друг секогаш носи одлуки во нејзино име.

8. Не му ги исполнувале доволно желбите на детето
Топлите спомени од детството се непроценливи работи кои не може никој да ни ги одземе. Малите задоволства можат да го претворат детето во исполнета личност која еден ден ќе постигне многу.
Ако детето расте во здрава средина и секогаш стекнува нови и убави искуства, значи дека активно се развива. Среќните деца се подготвени за животните препреки и полесно ги прифаќаат промените.

9. Mногу често слушале други совети
Луѓето во секоја ситуација брзаат да дадат совет, дури и кога тоа не се бара од нив. „Експертите“ знаат како детето треба да биде облечено, што треба да јаде, што да учи и како воопшто да живее.
Родителите знаат што е најдобро за нивното дете и не смеат за странците да се мешаат во нивното воспитување.

10. Не обрнувале внимание на важните моменти во жвотот
На секого во важните моменти му е потребен некој близок, а посебно на детето. Дури и ако морате да пропуштите некоја приредба, следниот пат потрудете се да не биде така.
Нека ви биде приоритет вашето дете и еден ден ќе биде убаво да се присеќате на преубави моменти од детството.