Без разлика дали живеете во куќа или зграда, доста важен детал во хортикултурното уредување на секој надворешен простор преставува природната зелена ограда.
Покрај нејзините естетски карактеристики за разубавување на просторот, зелената ограда нуди и мноштво на други придобивки.
Експертите за хортикултурно уредување од Градинарскиот центар „Фоја“, со Нас споделуваат 10 причини зошто подигањето на природна зелена ограда е вистинската „интервенција“ во Вашиот надворешен простор оваа есен.
1. Претставуваат природна бариера за оградување на простор
Во густо населените урбани средини оваа нивна придобивка особено доаѓа до израз, но и во излетничките места каде јасно, но сепак дискретно, без грди железни или дрвени огради, сакаме да го означиме нашиот простор, да го заштитиме од несакани упади на минувачи, возила и животни или едноставно од „непоканети гости“.
2. Заштита од прашина и друго аерозагадување
Секоја доцна есен и зима мака мачиме со аерозагадувањето.
Од набавка на скапи прочистувачи на воздухот до секојдневно чистење со правосмукалки со ХЕПА филтри се обидуваме да го намалиме нивото на ПМ10 честички, прашина, микроорганизми и други штетни загадувачи во домот, а со тоа да го заштитиме нашето и здравјето на најблиските.
Сепак, природните зелени огради пред нашиот дом се оној прв филтер на кој треба да обрнеме внимание и на кој треба да му се посветиме со цел да го намалиме аерозагадувањето во домот.
3. Произведуваат чист воздух во просторот
Густите листови од природните зелени ѕидови не само што ја задржуваат прашината и не дозволуваат нејзин проток до нашите домови, тие преставуваат и мали фабрики за кислород произведувајќи и внесувајќи чист воздух во нашиот простор за живеење и рекреација, но и пошироко во средината во која живееме.
4. Ја намалуваат бучавата
Доколку вашиот дом е позициониран непосредно до улица или друго прометно место и сакате да ја намалите бучавата од возила и луѓе, високата и густа природна зелена ограда е решението за намалување на несаканите звуци.
Ѕид од густо насадени садници по самата линија со улицата или патот ќе претставува звучна бариера која ќе донесе мир и спокој во вашиот дом.
5. Создава совршена приватност во вашата градина и домот
Густата зелена ограда исто така преставува и филтер од несакани погледи во вашата градина и домот.
Семејното уживање како и дружбата со пријателите во градината и домот можете да ги поминувате во совршена приватност, заштитени од погледите на соседите или минувачите, без подигнување на високи бетонски ѕидови, ниту пак со железни и скапи огради.
Неколку густо насадени садници од зимзелените видови како Photinia red Robin, Prunus Laurocerasus, Elaeagnus ebbingei ‘Viveleg’ или пак неколку густо насадени чемпреси може да претставуваат одличен зелен ѕид на вашата градина преку целата година.
6. Се обележуваат границите во градината и формираат бордури
Доколку сакате физички и визуелно да одвоите одреден простор во самата градина, тоа можете да го направите преку подигање на природен зелен ѕид од садници како што се Cupressus arizonica Glauca или Cupressus Leylandii, насадени во линија.
Овие компактни и густи зимзелени грмушки се одликуваат со брз раст и меѓудругото се исклучително корисни за формирање на зелени бордури во градината на пример од двете страна на патеката или покрај ѕид.
7. Претставуваат декоративен пејзажен елемент
Природните зелени огради се исклучително корисни доколку сакате да ја затскриете старата и ‘рѓосана ограда или пак едноставно да го оплемените надворешниот простор со бои и внесување малку свежина.
Токму за таа намена можете да подигнете зелена ограда од Lagerstroemia indica или Индиски јоргован, извонредно листопадно украсно дрво поточно декоративна грмушка која има долга цветна сезона на привлечни виолетови цветови кои траат од 60 -120 денови.
Или пак, со Photinia Red Robin, чии брилијантни црвени млади листови особено во пролет и есен и широки зелени листови преку целата година измешани со бели соцветија се вистинско уживање за очите.
Додека пак преку формирање на дрворед од неколку садници од видот Cupressus semp.’Pyramidalis’ односно Пирамидален чемпрес го носите шармот од Тоскана директно во вашата градина.
8. Корисни се за биодиверзитетот
За разлика од бетонските, железните и дрвените огради, природните зелени огради се исклучително корисни за биодиверзитетот, особено во урбаните средини каде има сè помалку зелени површини кои се важни за птиците, ежовите, пчелите, инсектите опрашувачи и другите наши животински сожители неопходни за балансот во природата и околината во која живееме.
Густите живи огради може да претставуваат засолништа, храна и живеалишта односно цел еден микро еко-свет за многу животински видови во текот на целата година, па така, преку подигање на природна зелена ограда во просторот давате свој придонес во грижата за природата и биодиверзитетот, а со тоа и поздрав живот за сите нас.
9. Лесни се за одржување и ја будат креативноста
Без разлика на тоа со кои садници ќе се одлучите да ја подигнете вашата зелена ограда, тие се лесни за одржување, не е потребно да сте експерт во хортикултура, туку едноставно да им посветите малку нега, љубов и внимание.
Дополнително, тие може да ја разбудат и Вашата креативност, па преку кроењето да им дадете уникатни форми преку кои би дале посебност и одвојување на вашиот простор од стереотипните и здодевни градини.
10. Го штитат Вашиот буџет
За разлика од ѕиданите и железни огради за кои е потребно голема инвестиција, во овие услови на криза, зелените огради не преставуваат така големо отпретување на вашиот буџет.
Покрај тоа, октомври е месец на зелени огради во
Градинарскиот центар „Фоја“, па така, до крајот на овој месец имате исклучителна можност по промотивни намалени цени да набавите пакет од 10 садници од 10 видови погодни за подигање на зелена ограда.
Во консултација со стручниот персонал од Фоја, можете да го изберете вистинскиот тип на зелена ограда, која ќе одговара на позицијата, почвата и најважно од сè, целта која сакате да постигнете со нејзиното подигање. Контакт: 078 225 897 / info@foja.com.mk.
Не двоумете се, откријте ја магијата на природните зелени огради уште оваа есен!
Комерцијален текст