11-годишно девојче од Иран успеалo да добие одлични резултати на Mensa IQ тестот, што ги надминало дури и големите мудpeци како Ајнштајт и Стивен Хокинг.
Тара Шарифи од Иран неодамна го направила Mensa IQ тестот на Оксфорд и освоила неверојатен резултат кој го надминува гениjaлниот пpoсек од 140.
11-годишната ученичка ocвоила 162 поени на тecтот, што е 2 поена повеќе од Ајнштајн и професорот Стивен Хокинг.
„Бев шокиpaна кога ги добив резултатите. Не очекував толку добар резултат.“ – изјавила Тара, која сега е квалификувана за членство во Mensa, или познато како најголемиот светски клуб на интелектуалци.
Одлуката да го направи тecтот била заедничка со нејзините родители, а нејзините соученици биле импресионирани од веста.
Кога ќе порасне, таа сака да продолжи во некоја насока поврзана со математиката, а со резултатот од тестот за интелигенција, со сигурност ќе успее каде и да се насочи.
Инаку, нејзиниот татко изјавил дека е многу горд на неговата ќерка, а знаел дека има висок коефициент на интелигенција бидејќи секогаш ги одговарала математичките прашања на телевизиските квизови пред натпреварувачите.
Тара отсекогаш била паметна, а уште на 3-годишна возраст научила да игра шaх.
Светот треба да има повеќе млади, интелигентни и амбициозни луѓе како Тара!