11-годишно девојче од Иран има повисоко IQ од Ајнштајн и Хокинг

ИЗВОРСкопје24
|

11-годишно девојче од Иран успеалo да добие одлични резултати на Mensa IQ тестот, што ги надминало дури и големите мудреци како Ајнштајт и Стивен Хокинг.

Тара Шарифи од Иран неодамна го направила Mensa IQ тестот на Оксфорд и освоила неверојатен резултат кој го надминува генијалниот просек од 140.

11-годишната ученичка освоила 162 поени на тестот, што е 2 поена повеќе од Ајнштајн и професорот Стивен Хокинг.

„Бев шокирана кога ги добив резултатите. Не очекував толку добар резултат.“ – изјавила Тара, која сега е квалификувана за членство во Mensa, или познато како најголемиот светски клуб на интелектуалци.

Одлуката да го направи тестот била заедничка со нејзините родители, а нејзините соученици биле импресионирани од веста.

Кога ќе порасне, таа сака да продолжи во некоја насока поврзана со математиката, а со резултатот од тестот за интелигенција, со сигурност ќе успее каде и да се насочи.

Инаку, нејзиниот татко изјавил дека е многу горд на неговата ќерка, а знаел дека има висок коефициент на интелигенција бидејќи секогаш ги одговарала математичките прашања на телевизиските квизови пред натпреварувачите.

Тара отсекогаш била паметна, а уште на 3-годишна возраст научила да игра шах.

Светот треба да има повеќе млади, интелигентни и амбициозни луѓе како Тара!