11 месечно бебе заврши со фрактура на рамото во градинка во Шуто Оризари

|

11 месечно бебе наместо да се адаптира во градинка, се здобило со скршеница на десното рамо обвинуваат родителите. Немилиот настан се случил во градинка во Шуто Оризари тврди таткото Имер Салиу.Тој со ретген снимки во раце излезе јавно да ја докажува повредата на неговото чедо и да го искаже револтот за тоа што и се случило на 11 месечната ќеркичка. Салиу вината ја бара во негувателките кои биле одговорни за децата и бара одговорност од раководството на градинката и од општина Шуто Оризари.

“Бебе од 11 месеци не може само да си ја скриши коската.Бебе од 11 месеци не може да зборува и да оди.Тоа бебе било под надзор на негователките кој што во моментот на настанатата повреда дали се они фактор на повредата, дали они ја предизвикале дали они не внимавале на неа дека се случило ова не знаеме.Не добивме конкретен одговор за ова. Како родител загрижен барам одговороност од сите институции поготово од општината Шуто Оризари коишто они ги вработуваат негователките” вели таткото на бебето, Имер Салиу.

Салиу е гневен од односот на вработените во градинката што не добил никакви информации дека неговата ќерка има сршеница, вели дека ќе направи се, за да ја дознае вистината.

“Откако ја земавме немаше видни траги на неа, прашавме зошто е повредена ми рекоа дека сама се повредила била нервозна од забите.А затоа што се случило со рамото не добивме конкретен одговор. Се надевам ќе добиеме одговор што и како се случило, бидејќи секој родител би сакал да го знае тоа” – вели Салиу.

Ова не е прв случај на пријава за повредено дете во градинка. Минатата година десетмесечно бебе во гевгелиската градинка „Цветови“, се здоби со полесни повреди откако за тоа пријавија родителите, а не градинката.

Извор: Алфа