12 лекари и 20 медицински сестри од Воено-медицинскиот центар ќе работат на Интерно

ИЗВОРТелма
|

Од денеска, медицинскиот персонал на интерните клиники во Скопје е засилен со 12 лекари и 20 медицински сестри од Воено-медицинскиот центар. Тие засега ќе работат во тријажниот центар на Интерно каде ќе вршат прием на пациенти.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека ова е само последната од низата чекори со кои Армијата се вклучи во справувањето ситуацијата. Во петокот преку Министерството за здравство од Министерството за одбрана доби 10 000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецов Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила.

Исто така, припадници на Армијата, како невооружена сила се вклучија во обезбедувањето на центрите како поддршка на полицијата. Последните информации од петокот, се дека во обезбедувањето се вклучени 195 војници.