Интернетот е преплавен сo аматерски совети од психологијата за зајакнување на самодовербата и „самопомош“, до совети за љубовни состаноци, како да постапите во одредени ситуации и уште многу други… Но постојат и некои основни совети од психологијата и социологијата кои имаат смисла и кои ни се секојдневно потребни, пишува Esguire. Еве кои се тие:
1. Кога се претставувате, потрудете се да ја запаметите бојата на очите на лицето со кое разговарате. Оваа информација нема да ви биде потребна, но е добра техника да воспоставите доволно долг контакт со очите, што многу лица го сметаат за пријателски чин.
2. Најдобро ја паметиме првата и последната работа која ќе се случи, додека она што е во средината ни останува замаглено. Така на пример ако сте на интервју за работа, ако можете, потрудете се да бидете прва или последна личност која ќе ја интервјуираат.
3. Положбата на нозете открива што луѓето всушност мислат. На пример, ако видите дека двајца разговараат и дека со торзото се завртиле еден кон друг но не и со нозете, тоа значи дека немаат голема волја за разговорот.
4. Кога ќе слушнете смеење во група на луѓе, секој автоматски ќе погледне некој со кој чувствува најголема блискост. Тоа е добар начин да се открие кој со кој е во врска на работа.
5. Како и секој терапевт, запомнете ја моќта на тишината. Ако некој на прашањето ви даде одговор со кој не сте задоволни, гледајте го и не зборувајте, така таа личност ќе чувствува притисок да продолжи да зборува и ќе ви открие повеќе.
6. Ако знаете дека некој ќе биде непријатен со вас на состанокот, намерно седнете до него. Оваа „блискост“ ќе влијае на тој некој да биде помалку агресивен, а на вас ќе ви биде полесно.
7. Кога ќе ги замолите луѓето за мали услуги, тоа на нив ќе влијае така што за кратко време ќе почнат да бидат поблиски со вас и на некој начин ќе им бидете пријатни.
8. Вреди да се обидете, тоа е навистина така. Кога некој прв пат ќе го сретнете потрудете се не само да го запаметите неговото име, туку и да го користите за време на разговорот со тоа лице или со повеќе лица кога тоа лице е присутно. Повеќето за ова мислат дека е шармантно.
9. Кога ќе го имитирате говорот на телото со тој што ќе разговарате, нежно и примерно, тоа ќе изгради доверба меѓу вас. Само потрудете се да бидете посуптилни.
10. Состанокот на кој сте вклучиле и доза на адреналин – ролекостер, хорор филм, замислата дека сте биле ограбени или некој ве брка, помага во стимулирањето на мозокот и луѓето навистина ќе мислат дека уживаат во вашето друштво. Што ионака го мислат, но чувството се зголемува.
11. Ракувањето со топли раце ве прави поатрактивни од луѓето со ладни раце. Лекција? Набавете ракавици.
12. Најдобар начин нешто да научите е да му го објасните на друг. Ако усвојувате некои нови вештини или знаења, досадувајте му на некој објаснувајќи му го тоа што го учите и резултатите брзо ќе ги увидите.
13. Не постои ништо поважно за луѓето од тоа како се гледаат себе. Дознајте што луѓето сакаат да мислат за себе и завртете го тоа во своја корист.