Познатиот исландски глумец Тор Бјорнсон се прослави ширум светот по главната улога Грегор Планина во хит серијата „Игра на престолот“ а на публиката и е интересен поради фактот што се ожени со дама неспоредливо поситна од него.
Овој 30 годишен човек е висок 206 цм, а бројката на вага покажува 181 кг. Љубовта ја пронашол во малечката Келси која е висока 157 цм и тешка 52 кг, а се запознале во еден бар во кој таа работела како келнерка.
Бјорнсон има убава сопруга, што покажуваат и бројните заеднички фотографии, а последната во низата предизвикала права хистерија на социјалните мрежи.
Тој објави како ужива со Келси во зимска идила додека пијат топло чоколадо но еден интересен детал сите го запазија. Всушност, погледнете колку смешно изгледа шољата во неговата рака, па поради тоа луѓето оставија безбројни коментари.
Ова изгледа како да си земал шоља од куќичка за кукли. Мислев дека тоа е некоја минијатурна шоља, додека не ја видов истата во раката на твојата сопруга. Поради оваа шоља плачев од смеа. Во твојата рака оваа шоља делува како чаша за ракија, беа дел од коментарите.