1.300 рамковни вработени кои десет години седат дома и земаат државна плата, владата во нов обид да ги смести во државните институции. Предлог – законот, вчера го усвоија министрите, но распределбата нема да почне веднаш, туку во во наредната година. Прво треба да го усвојат пратениците, па дури потоа Министерствата за информатичко и политички систем ќе прават списоци во која институција ќе биде распределени. За министерот за информатичко, Шаќири, немало дискриминација што рамковните вработени десет години седеле дома и земале плата, туку некои од нив биле дискриминирани оти сакале да работат, но немало каде.
НЕМА ЛИ ДИСКРИМИНАЦИЈА?
„ЗАТОА КОНЕЧНО И ПРВИОТ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДА АРТАН ГРУБИ ВО ОВЈ ПЕРИОД ИНСИСТИРА ОВА ДА СЕ СРЕДИ КОНЕЧНО. ВО НАСОКА НА ТОА ДИСКРИМИНАЦИЈА ДО СЕГА ИМААТ НЕКОИ ОД ТИЕ ШТО САКААТ ДА ОДАТ НА РАБОТА, НО ЗАРАДИ НЕКОИ ПРОБЛЕМИ И ПРОЦЕДУРИ ЗА НИВНОТО РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ ЈА ИМАМЕ ОВАА СИТУАЦИЈА.“- ВЕЛИ ШАЌИРИ.
Но, и оваа распределба нема да биде по принципот „земи или остави“. Пак рамковно вработените ќе можат да одбијат да одат на работното место каде што ќе бидат распределени и нема да добијат отказ. Ако одбијат работа само ќе се префрлат на трансфер листата на Министерството за информатичко од каде ќе чекаат нова понуда.
ИМА И ЗАКОНСКИ ЧЛЕН КАДЕ СЕ ПРЕДВИДУВА, АКО ТИЕ НЕ ПРИФАЌААТ ДА ОДАТ НА ТАА РАБОТА ЌЕ БИДАТ ВО ТРАНСФЕР ЛИСТА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО. И ОД ТАА ИНСТИТУЦИЈА ЌЕ ИМА ДРУГ ПРЕДЛОГ И АКО НЕ ПРИФАЌААТ НЕМА ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ РАСКИНЕ РАБОТНИОТ ОДНОС СО НИВ – ВЕЛИ ШАЌИРИ.
Првиот Заменик премиер, Артан Груби чиј предлог е и ова законско решение,вели целта на законот е да се реши 10 годишниот наметнат проблем и да се оствари програмата на владата, без никакви дополнителни финансиски импликации.
„АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО ОРГАНИТЕ НА ЛОКАЛНАТА И ДРЖАВНАТА УПРАВА, КАКО И ВО ДРУГИТЕ ДРЖАВНИ ТЕЛА ОСНОВАНИ ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ И ЗАКОНОТ. МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ, НАЈДОЦНА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ПО ВЛЕГУВАЊЕТО ВО СИЛА НА ЗАКОНОТ, ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ПЛАН НА ВЛАДАТА ЗА ПОБРЗО РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РАМКОВНО ВРАБОТЕНИТЕ.“- ИЗЈАВИ ГРУБИ.
Но, овие рамковни вработени ги има и во предлог буџетот за наредната година. За Министерството за политички систем каде се на платен список, за плати на 1.427 вработени се проектирани речиси 9,3 милиони евра. Пресметките покажаа дека овие „фиктивни вработени“ до сега државата ја чинеа државата околу 100 милиони евра.
Aлександра Филиповска