Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Општина Илиден изречени се вкупно 136 мерки, од кои 27 за возење без возачка дозвола, 18 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 за нерегистрирани возила, 5 санкции за користење на мобилен телефон. За неносење на заштитна маска изречени се 5 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Во текот на изминатото деноноќие (20/21.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 644 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.