142 санкции за неносење маска и 105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 142 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 6 за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 7 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас и 8 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.