15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

|

Воинот на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ, Основачите на ВМРО. Ова се единаесетте споменици за кои Јавното обвинителство, по долги години предистражна постапка, отвори истрага – сомнежите се дека 15 лица переле пари за нивното леење во Италија. Од буџетот на граѓаните се плаќале високи суми пари, а во Италија се лееле за многу пониска сума. Остатокот од парите, но овојпат испрани, на различни начини повторно влегувале во земјава, но овојпат не во буџетот, туку на туѓи сметки.

Осомничени за случајот се експремиерот Никола Груевски, второосомничен е Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии, третоосомничена е Елизабета Канческа Милевска, ексминистерка за култура, четвртоосомничен е поранешниот претседател на Советот за Општина Центар Владимир Здравев, петтосомничен е ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, а шестоосомничена е неговата претходничка Виолета Аларова. Еден од осомничените, осмиот по ред, е италијански државјанин.

Сите тие, обединети во случајот со кодно име „Феникс“, според обвинителството, испрале милиони евра, преку леењето на спомениците, а како што рече обвинителот Љубомир Лапе, кој го водеше случајот, „под превез на државотворно значење на личностите“.

За да се отвори истрагата „Феникс“, прибавена била правна помош од пет странски држави, а во текот на вчерашниот ден до судија на претходна постапка побарани се претреси, одземање на имот заради обезбедување и идна конфискација, замрзнување на банкарски сметки и удели и предлози за определување мерки притвор.

Истражна постапка, освен против 15 физички, отворена е и против седум правни лица, од кои три се италијански правни лица. Осомничените се теретат за кривичните дела злоупотреба на службената положба и за перење пари.

Сите овие 11 споменици се леени во една леарница – Фондериа Маринели и Галериа Базанти од Фиренца.

Заобиколено Собранието за да се финансира изградбата на спомениците
Според обвинителството, од втората половина на 2007 година до крајот на 2013 година во Скопје, првоосомничениот Груевски, како претседател на Влада и претседател на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерката за култура Канческа Милевска, тогашниот претседател на Советот Здравев, градоначалникот на Центар, Тодоровиќ и други лица, се поврзале со цел да остварат политичка и финансиска корист.

„Под превезот на државотворното значење на личностите за кои се подигаат споменици, осомничените започнале проект во јавноста познат како Скопје 2014, за кој реално не постои одлука, проект, програма од надлежен орган. Преку Министерството за култура и третоосомничената се подготвувале и поднесувале иницијативи за изградба на споменици под изговор дека се работи за спомен обележја од локално значење за жителите на Општина Центар. Иако станувало збор за личности кои се од значење на државата, иницијативите за подигнување на споменици се поднесувале пред Советот на општина Центар и како резултат на тоа започнале и се спроведувале постапки за подигнување на меморијални споменици за кои единствено надлежно согласно закон е Собранието“, рече обвинителот Лапе.

На овој начин, заобиколувајќи го Собранието, осомничените обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 57.681.138 евра, соопшти обвинителството. Градоначалниците, пак, ги прифаќале однапред испланираните средства без законски основ и без да се отворат посебни сметки, како капитални дотации.

Со ова, тие ја заобиколиле парламентарната…

Целиот текст прочитајте го на Мета со клик ТУКА.