15 најубави пораки да честитате Божик!

ИЗВОРСкопје24
|

Не пропуштајте да им го честитате овој голем празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки.

  • Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Се’ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!
  • Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!
  • Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!
  • Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!
  • Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!
  • Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!
  • Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!
  • На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!
  • Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!
  • Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!
  • Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.
  • Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!
  • Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!
  • Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!
  • Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и к’смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!