17.000 евра казна за маркетот кој ги условувал купувачите да направат сметка од 800 денари за да добијат масло

|

Три маркети на познат ланец во Скопје, од Пазарната инспекција добија вкупна казна од 12.000 евра за фирмата и вкупна казна од 3.600 евра за одговорното лице, поради условување за купување на производ.

Овој ланец на маеркети наводно зејтинот го тргнале од полиците, иако го имале на залиха, го давале само ако купувачите направат сметка од 800 денари.

„Констатирана е залиха на масло во магацинот, која што не беше изложена на рафт. Исто така, кај три објекти каде што се врши трговија се издадени прекршочни платни налози по закон за заштита на потрошувачи, се однесува за условување на едни производи со купување на други производи. Казната е 4 илјади евра за правното лице и по 1 200 евра за одговорното лице“, рече Анета Симеска Димоска, директорка на државен пазарен инспекторат.

Во последните шест дена инспекторите казниле вкупно 41 трговец поради непочитување на органичените маржи или поради немање на дневна евиденција.

Од денеска пазарните инспектори започнале и со контрола на производителите на масло за јадење а од утре ќе се прават контроли и на производителите на брашно. Инспекторите уверуваат дека производителите имаат доволни количини на масло за јадење за да ги покрие потребите за следните три месеци.