|
На 18.08.2023 во 20.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, на излез од Скопје, Џ.И.(20) од Скопје, со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди” со швајцарска национална ознака, удрил пешакот Г.С.(54) од с.Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото.
Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Околу 21.40 часот, Џ.С. сам се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.