20 годишна девојка се породи во тоалет на автобуската станица во Белград, бебето паднало во ВЦ шољата

|

Дваесетгодишна девојка денес се породи во тоалетот на Автобуската станица во Белград. Здравка Рутиќ, хигиеничарка на тоалетот на Главната автобуска станица во Белград, била сведок на неверојатна сцена.

-Слушнав како некој вика: „Помош!“. Истрчав во тоалетот и најдов девојка многу вознемирена, тотално без памет! Жената на околу 20 години веќе се породила, а детето паднало во ВЦ шоља! Го извадив бебето, цело беше сино! Успеав да го оживеам!“, изјави Рутиќ за српските медиуми.

Таа изјавила дека вакво нешто никогаш не и се случило. За среќа, според неа, се заврши добро. Таа изјавила дека обезбедувањето дошло набрзо и повикало брза помош. По телефон им било кажано што понатаму, односно како да ја врзат папочната врвца.

После тоа ги чекале лекарите. Рутиќ наведува дека девојката родила момче.