202 санкционирани возачи во Скопје вчера, 43 за брзо возење

|

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на ал*о хол.

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.