21-годишeн oхриѓанец вработен во обложувалница присвоил над 568 илјади денари од прометот

|

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21-годишeн oхриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Тој, во периодот 02/03.11.2021 година, како касиер во спортска обложувалница во Охрид, противправно присвоил пари од прометот од кои, дел искористил да игра на VLT апарати, а дел ги давал на играчите кои биле присутни во обложувалницата. На тој начин, пријавениот го оштетил правниот субјект во вкупен износ од 568.886 денари, информираат од СВР Охрид.