21 годишна девојка имала решение за изолација, а се шетала низ цел град

|

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.В.(21) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епи*емија“.

На 13.01.2022 полициски службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.