22.02.2022 – денешниот датум е многу редок: Еве што значи тоа

|

Денешниот датум е двојно редок, не само затоа што може да се чита исто нанапред како и наназад, туку и нагоре и надолу. Во 21 век има 29 палиндромски денови во европскиот формат на ден-месец-година. Првиот беше на 10 февруари 2001, а последниот ден ќе падне (да сме здрави-живи) на 29 февруари 2092.

Палиндромската структура на 22.02.2022 (кој патем се паѓа во вторник) е поочигледна, но двојната (да, уште една двојка) необичност на овој датум е во тоа што тој е истовремено и амбиграм.

Терминот бил креиран од когнитивниот научник Даглас Хофштатер (aвтор на антологиската „Гедел, Ешер и Бах“) за означување на визуелно симетрични зборови, кои кога ќе се превртат остануваат непроменети или мутираат за да откријат друго значење. Денешниот датум спаѓа во половично свртени амбиграми (180 ротациска симетрија) и се чита исто и угоре и удолу. Постојат и други варијанти, како на пример огледални амбиграми кои имаат осна симетрија и можат да се прочитаат преку огледало или друга рефлектирачка површина.

Амбиграми има на различни јазици, напишани со различни азбуки, со бројки и други симболи. Се среќаваат во логоа, тетоважи, а постојат и развиени методи за нивен дизајн.

„Амбиграмот е специјална визуелна “финта”, која понекогаш си поигрува со нашите перцептивни предрасуди, со тоа што вклучува внатрешен ментален прекинувач“, објаснувал Хофштатер. Еден од најчестите „природни“ амбиграми, кои не се должат на намерно местење туку на самата природа на пишувањето на буквите, е SOS. Понекогаш ефектот дизајнерски се постигнува со стилизација на буквите, и а про по активирањето на менталните прекинувачи, со дополнителна порака.