|
Вчера на улицата 29-ти Ноември во Тетово, мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.К.(23) од Тетово, удрил во Џ.Ј.(47) од с.Пршовце, Тетовско.
По несреќата Џ.Ј. била пренесена во Клинички центар Тетово, каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.