23 годишно момче и малолетничка се истумбале во пак шумата Гази Баба – итно биле пренесени во болница, еве ги деталите

|

Денеска (30.09.2023) во 03.00 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„16 Македонска бригада“, на влез-излез од парк-шума Гази Баба, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(23) од Скопје, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.