Генерации израснаа со серијата „Среќни луѓе“, која неретко се репризира по регионалните телевизии. Оној кој ја гледал посебно се сеќава на малиот Неца, кој со најдобриот пријател, песот Сима, доживуваше разни авантури.
Ликот на Небојша Голубовиќ Неца го толкуваше Јанко Миливоевиќ (33), кој не продолжи да чекори по актерскиот пат.
Јанко веќе 17 години е вклучен во семејниот бизнис, галеријата на неговите родители во Баново Брдо и транспортира уметнички дела ширум Европа.
Логично беше дека ќе продолжам со семјниот бизнис, затоа што моите двајца браќа не живеат во Србија, едниот е во Дубаи, а другиот во САД, така што јас останувам, рече Миливоевиќ за српската емисија „Сцена“.
Тој вели дека хонорарот од серијата за тие три години бил толку мал, што не можел да си плати ни едно летување.
Доколку се сеќавате на овој филм веројатно се сеќавате и на прекрасната куќа каде се одвиваше дејствуето, па погледнете како тажно изгледа денеска.
Денес, куќата создадена 1923. година изгледа многу тажно. Во неа спијат градежни работници, кои работат на неа. Целосно уништена, еве како изгледа куќата денес.