29 годишен арачиновец со БМВ прегази две деца на тротинет во Чаир

|

Возач од Арачиново со своето возило „бмв“ удрил во две деца кои се возеле на тротинет во Чаир, при што едното се здобило со тешки телесно повреди, информира денес МВР.

– На 12.07.2023 во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Струмичка“, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(29) од с.Арачиново, скопско, удрило во тротинет, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза, објави полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.