3000 евра за 3 месеци – возможно со овој бизнис

|

Еден од 120 земјоделци во чачанскиот крај кој одгледува корнишони е Жико Мирковиќ од Заблача, истиот ги пласира своите производи на германскиот пазар, објави локални медиуми во Србија.

Вели колку повеќе се бере, толку повеќе има род. Раскажува дека корнишоните се засадуваат на мала површина, а за 3 месеци има заработка од 3000 евра.

Откуп има секој ден, а парите ги добива по седум дена.

Но, додава дека целта е со овој бизнис да се занимава семејството, а доколку се плаќаат работници, тогаш заработката не е толку голема.

Очекува дека оваа година за Германија ќе заминат еден тон корнишони.