Без разлика дали сте се расправале со партнерот, сте паднале на колоквиум или сте имале лоша работна недела, има начин да го подобрите вашето расположение. Готвењето е секогаш забавна активност, а овие едноставни десерти ќе можете да ги направите за само 10-тина минути.
1. Чоколадни топчиња
Чоколадото може да ги излекува сите рани, па зошто да не ги направите овие превкусни чоколадни топчиња?
Потребни состојки: 170 грама чоколадо, 2 лажици маргарин, 1 јајце, 1 лажица шеќер во прав, 1 лажица ситно исечкани ореви, 1 лажица мини маршмелоу, 1/2 лажица кокосово брашно
Начин на подготовка: На тивок оган растопете ги чоколадото и маргаринот. Откако чоколадото целосно ќе се растопи, тргнете го од оган. Во садот со чоколадо изматете ги јајцето, шеќерот, маршмелоуто и оревите. Кога смесата ќе добие цврста структура, почнете да правете топчиња. На крај ставете ги во кокосово брашно, и вашиот десерт е готов.
2. Пржена банана со цимет
Идеалната комбинација од банана и цимет речиси сигурно ќе ја намали вашата тага.
Потребни состојки: 4 банани, 2 лажици маргарин, 2 лажици шеќер, 1/2 лажица цимет
Начин на подготовка: Излупете ги бананите и пресечете ги на половина надолго. Во тава растопете го маргаринот и на него испржете ги бананите додека не добијат златно кафеава боја. Додека бананите се пржат, во сад измешајте ги шеќерот и циметот. Откако ќе се испржат, ставете ги бананите на чинија и прелијте ги со смесата од цимет и шеќер. Послужете ги бананите топли.
3. Мафини со парчиња чоколадо
За овој превкусен десерт ќе ви бидат потребни само 10 минути.
Потребни состојки: 1 лажица маргарин, 2 лажици кафеав шеќер, 1 лажица екстракт од ванила, 1 жолчка Прстофат сол 3 лажици меко брашно, Неколку парчиња чоколадо
Начин на подготовка: Растопете го маргаринот на тивок оган. Откако ќе се растопи, тргнете го садот од оган и додајте ги кафеавиот шеќер, екстрактот од ванила и солта. Потоа додајте ја и жолчката и добро промешајте. Кога ќе се соединат состојките, во смесата ставете и брашно. Добиената смеса ставете ја во калапи за мафини. Ставете го калапот во претходно загреана рерна на 180 степени, и печете 5 до 10 минути. На испечените мафини ставете мали парчиња чоколадо.
Извор: kafepauza.mk