Периодот што е пред нас ќе биде многу предизвикувачки за овие 3 хороскопски знаци. Рускиот астролог Павел Глоба предвидува дека следните месеци ќе им бидат исполнети со проблеми. Проверете дали припаѓате на оваа група или сепак ќе имате повеќе среќа ова лето.
Риби
Личностите родени во хороскопскиот знак Риби ќе мора да се соочат со „суровата реалност“. Тие треба да ги симнат розовите очила и да бидат многу повнимателни, во спротивно луѓето кои ги опкружуваат може да ја искористат нивната преголема лековерност. Според Глоба, Рибите треба да ја прекинат секоја комуникација со луѓето кои им ласкаат и им даваат празни ветувања. Истовремено, би било мудро да се дружат со искрени пријатели кои ја кажуваат вистината в лице.
Јарец
Претставниците на овој хороскопски знак летово ќе се соочат со низа разочарувања ова лето. Сите напори што ги вложиле за да напредуваат во кариерата ќе паднат во вода, а некои Јарци ќе треба да направат тежок избор: да изберат помеѓу работата и личниот живот. Покрај тоа, припадниците на овој хороскопски знак наскоро ќе дознаат непријатна вистина за саканата личност.
Девица
Првиот месец од летото ќе им донесе проблеми на Девиците. Тие ќе треба да изберат помеѓу роднините и партнерот. Покрај тоа, тие ќе треба да внимаваат да не навредат никого со својата одлука. Астрологот Глоба ги советува Девиците да научат да се контролираат себеси и да не бараат утеха во храната и алкохолот. Сепак, има и добра вест – ситуацијата треба да се подобри до јули.