3 прекрасни летни дестинации од „соседството“, одлични за овогодишниот одмор

ИЗВОРСкопје24
|

Понекогаш е навистина тешко да се одбере добра локација за летниот одмор, особено ако бараме нешто во близина што нема да ни одземе премногу време за патување. Сепак, за наша среќа, постојат места што навистина вредат (повторно) да се посетат бидејќи нивната убавина со секоја година сè повеќе се зголемува. Овие места исто така и нема да ви бидат голем товар на финансиите, па покрај тоа што ќе си поминете незаборавно, вие и ќе заштедите. Погледнете за кои летни дестинации станува збор…

Охрид, Македонија

Ова заспано гратче е сместено покрај најстарото езеро во Европа. Прекрасното Охридско Езеро е опколено со високи планини и многубројни културни споменици. Тоа долго време е гордост на македонскиот туризам. Ако одамна не сте биле во Охрид, тогаш можете да очекувате долги патеки за шетање што ќе ви бидат навистина корисни по обилните вкусни вечери со автентична македонска храна. Резервирајте и излети во Националниот паркови Свети Наум и Галачица ако сте авантуристи или впијте го секој сончев зрак покрај чаша вино на брегот на езерото.

Котор, Црна Гора

Ако сте љубители на Црна Гора, тогаш Котор е најдобриот избор за вас. Од летен одмор, до викенд патување – едноставно нема да бидете разочарани од погледот кон езерото, старите камени улици, свежата морска храна и романтичните пансиони. Покрај тоа, Будва и Свети Стефан се на само половина час со автомобил, а ова се две дестинации кои не смеете да ги пропуштите ако сте во околината. За целосно да го искусите Котор, ви препорачуваме да одите вон сезона бидејќи тогаш сите плажи, пешачки патеки и дегустации на локалното вино ќе бидат само за вас.

Брашов, Романија

Романскиот регион Трансилванија е таинствен, мистериозен и привлечен токму поради своите легенди. Истражете го домот на Дракула во шармантниот пастелен град Брашов, а потоа напијте се и кафе во кафетеријата сместена во самата тврдина. Во близина се наоѓаат и градовите Сигишоара и Рашнов (не пропуштајте ги дворците Бран и Рашнов). Започнувајќи од хотелите, па сè до храната и пијалаците, сè е неверојатно достапно па не мора да се плашите ни за финансиите – мислете само на уживањето.