30 ординации во Македонија месецов немаат добиено капитација за месец јануари

|

Околу 30 ординации во Македонија се уште немаат добиено капитација за месец јануари, реагираат матичните лекари. Цели семејства се на раб на егзистенција, бидејќи не може да се исплатат плати и да се платат тековни трошоци.

Од Фондот им било кажано дека причина за неисплатата е пречекорување на дозволениот број препишани реценти, а дел се најверојатно поради проблеми со електорнската врска за што е одговорна програмерската фирма.

На сопствениците на матични амбулантати од Фондот им било кажано дека ќе бидат информирани во текот на наредната недела.