302 санкции за неносење маска и 179 санкционирани возачи во Скопје, 28 за управување со брзина поголема од дозволената

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 302 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 28 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 санкции за управување под дејство на алкохол, девет за користење на мобилен телефон и осум мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.