34 годишник од Тетово измамил Германец – За голема сума пари му вршел верски обреди

|

Синоќа, околу 19.20 часот, на улицата Илинденска во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец З. Д.

Мажот бил пријавен од 67-годишниот Е. Ќ. од Германија.

Тој се сомничи дека минатата и оваа година, со лажно прикажување факти, од Е. Ќ. побарал и добил поголема сума парични средства, наводно за решавање одредени проблеми или верски обреди. З.Д. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.