3-те тајни на Елон Маск за постојан развој и самоподобрување

ИЗВОРСкопје24
|

Изминатата деценија Елон Маск стана еден од највлијателните луѓе на 21-виот век. На многу начини му го зема дури и местото на Стив Џобс. Но овде има многу повеќе од неговиот успех, тоа е неговата продуктивност. Елон води неколку милијардерски компании истовремено и не покажува дека планира за забави.

Па, што прави еден ваков човек секој ден? Кои се неговите принципи за развој и самоподобрување? Изгледа постои еден главен принцип во процесот на самоподобрување – едноставност.

„Ја гледате основата и донесувате заклучок од тоа, па проверувате дали заклучокот работи или не.“ – Елон Макс

1. Разглобување на работите
Овој процес вклучува расклопување на кој било систем обидувајќи се да го направи подобар од претходно. Маск е одличен во расклопување на нештата, учење за тоа како работат и нивно одново составување. На овој начин му пристапува на сè во неговиот живот, вклучувајќи го и самоподобрувањето.

Кога го прашале како успева да учи толку брзо, тој одговорил:

„Важно е да го гледате знаењето како еден вид семантичко дрво – осигурете се дека ги знаете основните принципи т.е. гранките на дрвото пред да навлезете во лисјата/деталите бидејќи нема да има за што да се држат.“

2. Изградете го најдобриот можен систем
Кога Елон работи на нешто, прво открива како функционира, а потоа истражува дали работи најдобро или не. Ако одговорот е не, тој го променува додека системот не е оптимизиран.

Многумина од нас го следат туѓиот пример, а ова може да биде навистина ефективно, барем на почетокот. Сепак ова може да ве оддалечи од вашиот пат бидејќи постојат неколку претпоставки што ги донесувате додека го правите ова:

Мислите дека вашите карактери и сила се исти
Мислите дека имате исти ресурси
Мислите дека вашето опкружување (економија и слично) е доволно за исти резултати

Елон го избегнува ова со тоа што бара негови заклучоци и се надградува врз основа на фактите. Го опишал овој процес кога разговарал за почетоците на неговата компанија SpaceX:

„Настојувам да им пријдам на работите преку физичка рамка. Физиката ве учи да донесувате заклучоци од првите принципи наместо од аналогија. Па почнав да размислувам за првите принципи. Од што е направена една ракета? Потоа се запрашав која е цената на овие материјали. Излезе дека материјалите потребни за ракетата се околу 2% од вообичаената цена.“

3. Следете ја целта неуморно
Последното делче од сложувалката на Елон е неговата упорност и процесот на оптимизација. Постојано размислува за сработеното и никогаш не се задоволува со првиот изграден систем. Ова му овозможува да продолжи да учи и да созрева, со тоа подобрувајќи се како личност.

„Мислам дека е многу важно постојано да размислувате за она што сте го направиле и како можете да го направите подобро. Мислам дека тоа е најдобриот совет: Постојано размислувајте за тоа како можете да ги направите нештата подобри и прашувајте се во врска со себе.“