4-дневна диета на стјуардесите: Еве зошто секогаш се вити и затегнати!

ИЗВОРСкопје24
|

Познато е дека стјуардесите мора да бидат слабички, но не поради стандардите за убавина, туку од безбедносни причини

Сакате да изгубите неколку килограми за кратко време без многу откажување? Ви ја препорачуваме диетата на стјуардесите.

Не е тајна дека овие дами мораат да бидат вити за да ја добијат работата, но мораат и такви да останат, не поради стандардите за убавина, туку од безбедносни причини.

Сепак и тие се човечки суштества кои сакаат да се опуштат кога се на одмор, но пред да се вратат на работа поминуваат четири дена на посебен режим на исхрана, кој им помага брзо да се вратат во форма.

Освен што дава брзи резултати, оваа диета е здрава и лесна за држење.

Прв ден Појадок: Овесна каша приготвена со врела вода, без путер и млеко, шолја чај со лажичка шеќер (по избор)

Ручек: Салата од кој било свеж зеленчук, малку посолена пилешка супа, 100 грама варено пилешко филе

Вечера: 200 грама од која било риба, три гранчиња свеж магдонос

Втор ден Појадок: 1 јаболко, 1 чаша сок од јаболко

Ручек: 200 грама варено пилешко филе

Вечера: 90 грама сирење со ниска масленост

Трет ден Појадок: Кое било овошје и 100 милилитри јогурт

Ручек: 100 грама риба, 1 авокадо, 1 лист зелена салата.

Вечера: 200 грама каша од хељда, без масло и шеќер

Четврти ден Појадок: 200 милилитри јогурт, шолја чај

Ручек: 1 домат, 200 грама варена риба

Вечера: 250 грама пире од компири

За време на оваа диета се препорачува да пиете многу минерална вода. Максимум два дена смеете да пиете кафе и тоа без шеќер.