Во текот на изминатото деноноќие (09/10.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 425 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 290 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 за користење на мобилен телефон. Изречени се девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 30 мерки за непочитување на брзина на движење, 21 санкција што ја чинат пешаците, 10 за некористење на сигурносен појас и 77 санкции за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.