463 санкции за неносење маска и 219 санкционирани возачи во Скопје

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (28/29.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 463 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 10 мерки за непочитување на брзината, 8 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 санкции за поминување на затворен семафор (црвено светло), 4 за управување под дејство на алкохол, 14 мерки за користење на мобилен телефон, 8 за некористење на сигурносен појас и 88 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.