467 санкции за неносење маска и 253 санкционирани возачи во Скопје, 14 без возачка

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 467 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 мерки за користење на мобилен телефон.

Изречени се осум санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), 24 мерки за некористење сигурносен појас, 36 мерки што ги чинат пешаците и 61 мерка за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.