Дали сакате да го поедноставите вашиот живот? Кога ќе ги отворите очите и ќе почнете да го следите вашето срце, ќе сфатите дека најпрво треба да се ослободите од многуте непотребни работи во животот. Кога ќе сфатите дека вистинската едноставност се крие во почитувањето на работите онакви какви што се, ќе можете да ги примените овие совети и да го поедноставните вашиот живот.
1. Проценете ги вашите врски, особено оние кои ве исцрпуваат
Запрашајте се како се чувствувате кога сте со овие луѓе. Дали ве охрабруваат и ве расположуваат, или пак само ви ја крадат енергијата? Кога сакате да го поедноставните својот живот, важно е вашите пријатели да го знаат тоа и да ви помогнат. Во овој живот нема место за луѓе кои ви ја крадат енергијата. Поедноставете го социјалниот живот и сфатете дека односите со другите треба да ви бидат пријатни, а не да ви создаваат дополнителен стрес.
2. Барем еден час дневно, исклучете се целосно
Ова значи еден час да заборавите на телефонот, имејлот или компјутерот. Ослободете се од што било што ви го одвлекува вниманието. Веројатно сте свесни колку е големо влијанието на технологијата врз вас и вашето тло, како и врз целото општество. Поради ова, немојте никогаш да заборавите на „дигиталната детоксикација“.
Како и повеќето, веројатно и вие го започнувате денот со проверување на пораките и нотификациите. Сега е време да се исклучите за да можете одново да се поврзете со вашето тело и со себе. Дигиталната детоксикација можете да ја направите и самите, но и со друштво. Кога сте со пријателите, исклучете ги електронските направи и целосно уживајте во дружењето.
3. Исчистете го секој дел од домот
Овде не станува збор само за физичко чистење, туку и за метафорично. Исфрлете сè од домот што ви е непотребно или што не ви причинува удобност, инспирација и среќа. Доколку имате предмети кои ве растажуваат или обесхрабруваат, време е да се ослободите од нив. Вашиот дом е ваше засолниште и треба да го третирате како такво.
4. Уживајте во тишината
Многумина не веруваат во медитацијата, но листата на придобивки од седењето во тишина како да нема крај. Многу луѓе чувствуваат отпор кога почнуваат да медитираат. Нивниот ум како да не сака да се смири. Доколку сте пробале да медитирате веројатно сте почувствувале и болка во грбот, а вашите мисли никако не престанувале. Се чувствувате како да не можете да го направите тоа и едноставно се откажувате. Но, токму овие расфрлани мисли покажуваат колку ви е потребна медитацијата. Со текот на времето ќе сфатите колку е всушност едноставна и лесна.
5. Направете листа со работи што сакате да ги направите
Денес многу луѓе се потпираат на нивните планери. Во текот на денот се обидуваат да завршат што е можно повеќе обврски, а навечер ги прогонуваат оние кои останале незавршени. Запрашајте се дали е потребно да ве прогонуваат обврските? Ова не значи дека треба да заборавите на работите што треба да ги завршите, но обидете да се ослободите од она што ве прави анксиозни. Наместо листа со обврски, направете лита со работи што сакате да ги направите, работи за кои не би ви бил потребен многу напор. Токму овие работи ќе ги правите спонтано и со љубов, а ова е листата што навистина ви треба.
Извор: kafepauza.mk