Џеф Безос, основачот на Амазон, вели дека знае неколку трикови за тоа како најдобро се управува со бизнис. “Амазон” започнал со работа во 1994 година како онлајн книжарница. Во тој период Безос работел во мала канцеларија, за на крај компанијата да почне да заработува повеќе од 177 милијарди годишно. Денес, богатството на неговиот основач се проценува на повеќе од 160 милијарди долари.
За да имате успешен бизнис, Џеф Безос препорачува:
Почнете со помалку
Безос претпочита да се започне со помали чекори, особено во раните фази на компанијата. Тој истакнува дека Амазон на почетокот имал само 5 вработени. Тешко е да се сетите на ова, но за мене како да беше вчера кога ги носев пакетите во пошта и се надевав дека еден ден ќе можеме да си дозволиме виљушкар, вели Безос.
Следете си го инстинктот
Во деловниот свет инстинктот е поважен од се останато. Ако можете да направите одлука со анализа, сторете го тоа. Во животот се покажа дека најважните одлуки секогаш се донесуваат со следење на инстинктот и интуицијата, потенцира Џеф.
Одмарајте доволно
Исто како и основачот на HuffPost Аријана Хафингтон, и Безос е поборник за добивање на добар одмор. Без оглед на неговиот зафатен распоред, Џеф истакнува дека спие по 8 часа секоја вечер. Како извршен директор, вие сте платени да правите мал број на високо квалитетни одлуки. Вашата задача не е да донесувате илјадници одлуки секој ден, истакнува тој.
Закажувајте состаноци рано наутро
Безос сака да има важни состаноци во 10 часот наутро пред да го стигне уморот од денот поминат на работа. Нема ништо ментално попредизвикувачки од состанок во 10 часот. До 5 часот попладне јас веќе не можам да размислувам за денот. Во тие случаи, најдобро е да се одложи за наредниот ден во 10 часот, вели Џеф.
Размислувајте однапред
Основачот на Амазон тврди дека размислувањето однапред, особено неколку години однапред, претставува клучен дел од секоја успешна компанија. Сите наши постари извршители функционираат на ист начин како мене. Тие работат во иднината, тие живеат во иднината, истакнува Безос.