5 земји во кои за годишен одмор ќе потрошите помалку од 30 евра дневно

ИЗВОРСкопје24
|

Еден од најпопуларните блогери во светот ви ги претставува топ 5 дестинациите каде што може да уживате ова лето без многу да размислувате за пари.

Советите на блогерот Номадик Мет месечно ги следат неколку милиони луѓе кои сакаат полесни, поевтини, подолги и подобри патувања. Мет се откажа од канцелариска работа за да го истражи светот, да фотографира и да пишува за местата кои ги посетува, а сето тоа дошло по едно патување во Тајланд кое се случило пред 14 години.

Една од првите статии која го освои вниманието на публиката: Како да патувам низ светот и да трошам само 50 долари дневно, проследено со продолжение – 5 земји во кои ќе потрошите помалку од 30 долари.

Меѓу неговите омилени дестинации се Тајланд, Бали, Грција, Централна Америка и Будимпешта. На листата не се наоѓаат Кина, Индија, Камбоџа и Јужна Америка бидејќи и покрај што се евтини за туристи, тој се уште не ги посетил.

Тајланд


Без оглед на тоа што се работи за популарна туристичка дестинација, Тајланд остана да биде релативно поволен за одмор. Ако избегнувате сместување на најпопуларните острови, ќе можете да поминете со дневен буџет од 17 до 27 евра. За еднокреветна соба, треба да издвоите од 5.5 до 9 евра, а за храна ви се доволни околу 4 евра. Пијалоците се малку поскапи, но 2 евра ќе бидат доволни за да ја угасите жедта. Наместо такси, користете поевтин јавен превоз.

Бали


Поевтина дестинација од Тајланд е Бали. На југ, особено околу Кута, лесно може да најдете сместување за помалку од 8 евра. Иако летовите се долги и поскапи, кога ќе стигнете во Бали, се ви е евтино. Повеќето локални јадења чинат помалку од 2 евра, но западњачките јадења се двојно поскапи. Доколку сте љубители на нуркање, може да го направите тоа за 7 евра, а ако сакате да пројдете поевтино, одете од југот кон внатрешноста.

Грција


Ако сакате да поминете евтино во Грција, одете пред да започне сезоната. Скромна соба може да се резервира за помалку од 13 евра. Патувањето во септември е исто така добра идеја бидејќи морето е топлно, деновите се сончеви, а ноќта е нешто посвежа. За нешто помалку од 3 евра ќе купите гиро, а на транспорт може да заштедите со помош на BluBlaCar апликацијата за делење на превоз.

Централна Америка


Освен Белизе, Костарика и Панама, Централна Америка е доста евтина опција за која ќе ви требаат помалку од 30 евра дневно. Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва и Гватемала имаат прифатливи цени за сместување, така што лесно ќе може да најдете соба за помалку од 8 евра, ручек за 3 евра и пиво за 1 евро.

Унгарија


Будимпешта нуди многу опции за забава и разгледување, а сместување во хостел може да се најде за 7 евра. Приватното сместување е двојно поскапо. Без разлика дали барате поволна опција за ручек, посетете го пазарот, а во вечерните часови кога ќе бидете гладни, одлична опција се ќебапите (помалку од 2 евра) или сендвичите. Превозот со воз или транвај ќе ве чини 1.35 евра.